Handan Kazancı
08 Септември 2020•Ажурирај: 08 Септември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот суд денес изрече 40 доживотни казни затвор на Абдулкадир Машарипов поради нападот во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул, каде што во новогодишната ноќ загинаа 39 лица, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Узбекистанецот е прогласен за виновен за 39 убиства и обид за уривање на уставниот поредок. Осуден е на 40 доживотни затворски казни без можност за намалување на казната.
Машарипов исто така е осуден на 1.368 години затвор за обид за убиство на 79 лица и кршење на законот за огнено оружје.
Покрај тоа, Илјас Мамасарипов, кој се соочи со обвиненија дека бил еден од планерите на терористичкиот напад и дека му помагал на Машарипов, е осуден, меѓу другото, на 1.432 години затвор поради помагање во убиствата и обидите за убиства.
Во терористичкиот напад на новогодишната ноќ во истанбулскиот клуб „Реина“ пред три години загинаа 39 лица, а 79 беа ранети. Меѓу загинатите 27 беа странци.
Абдулгадир Машарипов, кој призна дека е член на терористичката организација ДЕАШ, беше баран со потерница и од Узбекистан, од каде и потекнува.
Машарипов, кој во моментот на нападот имал 34 години, беше уапсен во истанбулската населба Есенјурт 17 дена по нападот.