İsmet Karakaş
29 Јануари 2021•Ажурирај: 29 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија, Салих Мурат, и неговата делегација, во рамки на посетата на Турција го посетија Врховниот суд на оваа земја во Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дел од делегацијата на Врховниот суд на Турција беа претседателот на Врховниот суд, Мехмет Акарџа; републичкиот главен обвинител при Врховниот суд, Бекир Шахин; шефот на Генералниот кривичен совет при Врховниот суд, Ејуп Јешил; шефот на Генералниот правен совет при Врховниот суд, Адем Албајрак; генералниот секретар на Врховниот суд, Февзи Јилдирим; членот на Врховниот суд, Билгин Башаран; како и заменик-генералниот секретар на Врховниот суд, Мустафа Салдирим.
Од друга страна, дел од делегацијата на Уставниот суд на Северна Македонија беа претседателот на Уставниот суд, Салих Мурат, членовите на Уставниот суд, Елена Ѓошева, Јован Јосифовски и Осман Кадриу, како и советничката на Уставниот суд, Љубица Ангелова.
Делегацијата на Северна Македонија беше придружувана и од страна на генералниот секретар на Уставниот суд на Турција, Мурат Шен.
Претседателот на Врховниот суд на Турција, Акарџа, за време на средбата потсети дека двете земји имаат соработка во повеќе области, пред сѐ во правосудството.
Акарџа, упатувајќи благодарност до Салих Мурат за дадениот придонес, рече дека оваа посета уште повеќе ќе даде придонес во горенаведената соработка.
Претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија, Салих Мурат, изрази задоволство за посетата на Турција и Врховниот суд на оваа земја, додавајќи дека носи поздрави од својот роден крај.
Мурат нагласи дека во рамки на посетата на Турција, вчера имале средби во Уставниот суд на Турција.
Според него, односите помеѓу двете земји се засновани врз пријателство и братство, и дека извршиле меѓусебна размена на искуства.