Jeyhun Aliyev
29 Јануари 2021•Ажурирај: 29 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за одбрана денеска сооопшти дека војниците на северозападната турска граница фатиле лице осомничено за поврзаност со терористичката ПКК, при обид илегално да премине во Грција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Лицето при обид илегално да премине од нашата земја во Грција, беше фатено од страна на нашите погранични единици во подрачјето Ипсала во Едрене“, се соопштува од Министерството на Твитер.
„Лицето, на кое претходно му се судеше за помагање на терористичката организација ПКК, беше предадено во жандармериската станица во подрачјето Ипсала“, се додава во соопштението.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.