Nurhan Çorlu
06 Октомври 2016•Ажурирај: 06 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Гувернерот на Истанбул, Васип Шахин, информираше дека во општина Бахчелиевлер, на улицата „Фатих“ се случила експлозија на мотоцикл-бомба. Во експлозијата, според првичните проценки, ранети се 5 лица, од кои едно лице е потешко повредено, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот Шахин, на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти: „Од експлозија на мотоцикл-бомба на улицата „Фатих“, во општина Бахчелиевлер, според првичните проценки повредени се пет лица, од кои едно лице е потешко повредено“.
Од експлозијата, причинета е голема материјална штета врз возилата кои се наоѓале во близина и врз околните згради.