Burcu Arik
06 Октомври 2016•Ажурирај: 06 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Според информациите добиени од судот, 20 осомничени лица денес биле притворени од страна на Истанбулскиот суд, како дел од истрагата за „тајни ќелии“ на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изворот, кој бараше да остане анонимен, за време на истрагата за ФЕТО, минатиот месец биле притворени вкупно 39 лица, кои биле инфилтрирани во клучните канцеларии во Турција.
Четири од осомничените лица, вклучувајќи ги и замениците-гувернери, се товарат за формирање терористичка организација, додека останатите 16 се товарат дека се припадници на терористичката организација, вели изворот.
Судот ослободи 19 други лица, но нареди тие да останат во Турција, додава изворот.
Обидот за државен удар на 15 јули, кој резултираше со 240 загинати лица и повеќе од 2.100 повредени, доведе до истрага низ целата земја за елиминирање на „тајните ќелии“ на ФЕТО инфилтрирани во државните институции, вклучувајќи ги судството и армијата.