Sefa Mutlu,Mücahit Türetken
18 Мај 2018•Ажурирај: 19 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Граѓани во голем број присуствуваа во истанбулската населба Јеникапи каде што денеска во организација на повеќе турски невладини организации каде се одржа митинг за поддршка на Палестина под називот „Клетва за зулумот, поддршка за Кудс“, јавува Anadolu Agency (AA).
На местото каде се одрж митингот поставени се големи знамиња со порака „Клетва за зулумот, поддршка за Кудс“, како и постери на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк и на актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Граѓаните кои присуствуваа на митингот носат турски и палестински знамиња, а за следење на митингот акредитирани се голем број турски и странски новинари
На собраните граѓани им се обратија претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим и претседателот на опозициската Партија на национално движење (МХП), Девлет Бахчели.
Илјадници Палестинци се собраа во понеделникот на границата на Газа за да протестираат поради израелската окупација и преселувањето на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим (Кудс).
Израелските безбедносни сили со употреба на сила и огнено оружје се обидоа да ги спречат протестите кои продолжија и во вторникот. Усмртени се 62 Палестинци, а ранети, најмалку 3.000.
Во реакциите кои стасуваат од светот, меѓу другото, наведено е дека прекумерната сила е недозволена во случај на мирни протести, какви што организираа Палестинците на 70-годишнината од Накба, по повод масовниот прогон на овој народ.