Ali Bayaslan
18 Мај 2018•Ажурирај: 18 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска на митингот за поддршка на Палестинците организиран во истанбулската населба Јеникапи под наслов „Осуда на суровоста, поддршка за Ерусалим“ истакна дека доколку не го заштитат своето прво кибле (правец на молитвите), тогаш нема да бидат во можност со сигурност да гледаат кон иднината на нивното последно кибле, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ерусалим не е само град, Ерусалим е еден симбол, тој е тест, кибле. Доколку не го заштитиме нашето првo киблe, тогаш нема да бидеме во можност со сигурност да гледаме кон иднината на нашето последно кибле“, порача Ердоган пред насобраните граѓани во Истанбул.
Ердоган рече дека од 1967 година Обединетите нации молчат за окупацијата на Ерусалим (Кудс) и дека со немото набљудување станале соучесник.
„Обединетите нации од 1967 година молчат на окупацијата на Ерусалим. Наспроти сите неправди, противзаконски, несовесни и неморални активности кои ги спроведува Израел, ОН со едноставно немо следење имплицитно стана негов соучесник. Зошто зборуваме дека ‘Светот е поголем од 5’, петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН? Во светот, кој е заробен меѓу двете усни на Америка, не може да види ништо друго освен насилство. Затоа мие порачуваме: За насилниците, нека живеее пеколот“, порача Ердоган.
Тој истакна дека свет паднал на испитот по прашањето за Ерусалим.
„По прашањето на Ерусалим падна сиот свет, не само муслиманскиот“, рече Ердоган, истакнувајќи дека Ерусалим за Турција е исто што и Галиполе.
„Доколу сиот свет и муслиманите се обединат против оваа суровост, тогаш лобито на кое се потпира Израел нема да бидат доволни во живот да се одржи оваа ароганција“, рече Ердоган.
Апелираше до израелскиот народ да преземе нешто против сопствената власт.
„Го повикуваме израелскиот народ да се спротивстави на катастрофата во која го вовлекува сегашната власт“, рече Ердоган.
Тој нагласи дека САД со последната одлука за префрлување на амбасадата, удрил на светоста на Ерусалим.
„Израел од 1947 година го прави она што сака, а и денеска тоа го прави со иста безобзирност. Не можеме да го игнорираме тоа. Еве и со последната одлука на САД се удира на светоста на Ерусалим. Ал Акса е се повеќе опседната од радикалните ционисти. Џамијата во Хеброн сѐ уште е окупирана, а ние не правиме ништо освен што го осудуваме тоа“, рече Ердоган.
На големиот митинг на поддршка на Палестина во истанбулската населба Јеникапи под наслов „Осуда на суровоста, поддршка за Ерусалим“, во организација на турски невладини организации, учествуваа илјадници граѓани.
На собраните граѓани, покрај турскиот претседател Ердоган, им се обратија и премиерот Бинали Јилдирим и претседателот на опозициската Партија на национално движење (МХП) Девлет Бахчели.
Во понеделникот на 14. мај, илјадници Палестинци се собраа по должината на границата на Газа со Израел во знак на протест на израелската окупација и префрлувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим (Кудс).
Израелските бебедноси сили употребија сила и огнено оружје со цел да ги задушат протестите на Палестинците, кои продолжија и наредниот ден.
Во протестите животот го загубија 62 Палестинци, а ранети се најмалку 3.000.
Во осудите кои пристигаат од целиот свет, меѓу другото се наведува дека Израел употребил прекумерна сила врз учесниците на мирните демонстрации, организирани по повод 70-годишнината на Накба, (Голема катастрофа), прогонот на Палестинците од сопствената земја од страна на Израел.