Muhammet Tarhan
19 Октомври 2024•Ажурирај: 19 Октомври 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Авионот на германскиот канцелар Олаф Шолц и неговата делегација синоќа слета на аеродромот во Истанбул, известува Анадолу.
Германскиот канцелар на аеродромот во Истанбул беше пречекан од турскиот амбасадор во Берлин, Ахмет Башар Шен, и други официјални лица.
Се очекува Шолц денес да се сретне со претседателот Ердоган, а потоа двајцата лидер ќе одржат заедничка прес-конференција.
Се очекува на средбата меѓу германскиот канцелар Шолц и претседателот Ердоган да се разговара за војната во Украина и случувањата на Блискиот Исток, како и за имиграцијата, Европската унија (ЕУ), билатералните односи и економските политики.
Двајцата лидери во септември се состанаа во Њујорк, САД, каде што присуствуваа на 79. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН).