Турција

Врвот на планината Тахтали во Анталија ги пречекува ентузијастите на зајдисонцето

Планината Тахтали, една од највисоките точки на масивот Таурус, нуди панорамски поглед на медитеранскиот брег. Врвот, едно од ретките места што нудат панорамски поглед на Анталија, им нуди на посетителите „визуелна гозба“ на зајдисонце.

Bekir Bektaş  | 23.08.2025 - Обновена : 23.08.2025
Врвот на планината Тахтали во Анталија ги пречекува ентузијастите на зајдисонцето Фото: Orhan Çiçek/AA

АНТАЛИЈА (АА) - БЕКИР БЕКТАШ -

Жичарницата на врвот на планината Тахтали во подрачјето на Кемер во турска Анталија летово пречека 10.000 посетители на специјално организираните тури за следење на зајдисонцето, јавува Анадолу.

Планината Тахтали, една од највисоките точки на масивот Таурус, нуди панорамски поглед на медитеранскиот брег. Врвот, едно од ретките места што нудат панорамски поглед на Анталија, им нуди на посетителите „визуелна гозба“ на зајдисонце.

Локалниот оператор „Олимпос“ организира специјални тури за оние кои сакаат да ги видат моментите кога се испреплетуваат синилото на небото, зелената боја на планините и црвената боја на зајдисонцето.

Оние кои се искачуваат на врвот како дел од турата, уживаат во погледот со вечера придружена со жива музика.

Похрабрите, можат да искусат моменти што го зголемуваат адреналинот со параглајдинг или со банџи катапултот.

Низ турите на зајдисонце минаа најмалку 10.000 луѓе.

Заменик-генералниот директор на „Олимпос“, Хајдар Џулфа, за новинарот на Анадолу изјави дека врвот на планината Тахтали се издвојува како еден од највисоките врвови кои се најблиску до морето, истакнувајќи дека со 30-минутното патување посетителите се искажуваат од нивото на морето до надморска височина од 2.365 метри.

Џулфа рече дека речиси 10 минути од ова патување се прават со жичарница и дека температурната разлика од нивото на морето со крајот од патувањето понекогаш може да достигне 20 степени Целзиусови.

Тој истакна дека и оние кои се уморни од топлото и влажно време во Анталија и оние кои сакаат да уживаат во уникатниот поглед на зајдисонцето се заинтересирани за специјалните тури.

Патувањето започнува со живописен поглед во текот на денот и продолжува со вечера придружена со зајдисонце и музика во живо. „Во зависност од влажноста“, рече тој, „може да се види регионот од Аланија до Каш. Секако, зајдисонцето е особено убаво. Различните зелени тонови на природата се среќаваат со азурот на морето. Посетителите ги пречекува спектакуларна глетка.“

Тој нагласи дека годинава од јуни биле домаќини на 150.000 гости, од кои 10.000 дошле за турите за зајдисонце.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.