Elena Trenchevska Chekovic
23 Август 2025•Ажурирај: 24 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) - Десетици бродови денес пловеа низ Босфорот во Истанбул во рамките на иницијативата „Поздрав до Газа“, организирана од движењето Отворена Рафа, за изразување солидарност со Палестинците во Газа поради тековниот израелски геноцид и блокада, јавува Анадолу.
Бродовите тргнаа од Каракој и пловеа до крајбрежјето на Ускудар, во близина на историската Момина кула.
Учесниците на брегот кај Ускудар истакнаа голем транспарент во форма на лубеница над водата, со слоганите „Отворете ја границата кај Рафа“ и „Сите очи кон флотилата Сумуд“.

Организаторите за протестот рекоа дека е најголема поморска акција за солидарност во светот.
Од 2 март, Израел ги држи сите гранични премини во Газа затворени, забранувајќи влез на хуманитарната помош и покрај големите конвои со помош блокирани на границата.
Израелската армија, отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, го продолжува својот геноцид во опколениот Појас Газа од октомври 2023 година, во којшто уби над 62.600 Палестинци.