Halil Demir
25 Декември 2021•Ажурирај: 26 Декември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили приведоа девет странски државјани поради сомненија за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ во турската метропола Истанбул, соопштија безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Полициските тимови за борба против тероризмот започнаа операција за фаќање на осомничените, за кои се верува дека се дел од групи кои планираат напади во име на ДЕАШ“, рекоа изворите, кои побараа анонимност.
Полицијата спроведе истовремени акции на 13 локации во пет различни делови на Истанбул.
Во акциите запленети се и големи количини дигитален материјал и организациски документи.
Тројца од осомничените остануваат во полициски притвор, а шестмина се ослободени по наредба на Обвинителството.
Турција беше една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Терористите на ДЕАШ изведоа повеќе напади во Турција во кои животот го загубија над 300 лица, а стотици беа повредени, и тоа во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 вооружени напади.
Како одговор, Турција започна антитерористички операции во земјата и надвор од неа за да спречи понатамошни напади.