Şafak Yel
07 Декември 2021•Ажурирај: 08 Декември 2021
ИЗМИР/МУГЛА (АА) - Во место Даламан во турксата област Мугла запленети се 1,5 тони сканк донесен од Албанија по морски патишта, а приведени се 3 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Канцеларијата на гувернерот на Измир, по добиената информација дека од Албанија по морски пат ќе биде донесена поголема количина дрога започнати се разузнавачките истраги за спречување на трговијата со дрога и борбата против криминалците.

Во рамките на истрагата спроведена од главните јавни обвинителства во Измир и Торбали, и по техничко и физичко следење од страна на екипите на огранокот за борба против шверц и организиран криминал, спроведена е операција под координација на Командата на Покраинската жандармерија Мугла и Командата на Крајбрежната стража.
Во операцијата запленети се приближно 1,5 тони сканк и 3 пиштола, а приведени се 3 осомничени.
Од друга страна, според информациите добиени од безбедносните извори, осомничените ја донеле дрогата со глисер, а потоа ја извадиле на брегот и ја сокриле во шумскиот предел.