Турција

Во напад на упоришта на ПКК, Турската армија неутрализира 6 терористи

Турски воени авиони извршија воздушни напади врз терористите на ПКК, лоцирани во северниот ирачки регион Хакурк, како и во подрачјето на Ерух, во југоисточната турска област Сирт

Merve Aydoğan  | 18.07.2018 - Обновена : 18.07.2018
Во напад на упоришта на ПКК, Турската армија неутрализира 6 терористи

Ankara

АНКАРА (АА) - За време на нападите на турските воздухопловни сили во северен Ирак и југоисточна Турција, неутрализирани се 6 терористи, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на турскиот Генералштаб објавено на Твитер се вели дека воени авиони вчера извршиле воздушни напади врз терористите на ПКК, лоцирани во северниот ирачки регион Хакурк, како и во подрачјето на Ерух, во југоисточната турска област Сирт, која се наоѓа во близина на границата со Сирија и Ирак.

Турските официјални претставници неодамна истакнаа дека подрачјето на планината Кандил (каде што терористичката организација има свое седиште), може да биде цел на идна операција.

ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), а одговорна е за смртта на речиси 40.000 лица во изминатите три децении од терористичката кампања против Турција.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.