Cankut Taşdan
02 Декември 2020•Ажурирај: 02 Декември 2020
АНКАРА
Во операцијата организирана од полицијата во Анкара приведени се 18 лица со ирачко државјанство осомничени дека биле во контакт со терористичката организација ДЕАШ и зоните на конфликти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Екипите на Антитерористичката и разузнавачка служба на Дирекцијата за безбедност во Анкара, врз основа на разузнавачките информации започна операција за апсење на осомничени кои биле во контакт со терористичката организација ДЕАШ и зоните на конфликти.
Екипите кои ја започнаа операцијата приведоа 18 од 20 осомничени, за кои е утврдено дека се ирачки државјани.
Продолжува операцијата за апсење на останатите осомничени лица.