Fatih Hafız Mehmet
14 Јуни 2019•Ажурирај: 16 Јуни 2019
АНКАРА (AA) – Бугарија ѝ врати на Турција 63 историски артефакти во рамките на билатералниот договор за борба против криумчарење на културните добра, се наведува во соопштението на турското Министерство за култура и туризам, пренесува Anadolu Agency (AA).
Наведено е дека предметите се запленети во 2016 година.
Артефактите ги прими Озгул Озкан Јавуз, заменик министер за кутлура и туризам на Турција на свеченоста одржана во Националниот археолошки музеј во главниот бугарски град Софија.
Во обраќањето во текот на свеченоста Јавуз му се заблагодари на бугарскиот министер за култура Боли Банов и на музејските експерти. Јавуз истакна и дека Турција очекува враќање и на другите запленети предмети од страна на Бугарија.
Меѓу артефактите кои ѝ се вратени на Турција се 55 монети, шест бронзани аплики и бронзани фибули.