Турција

Бројни посетители на ТЕКНОФЕСТ во Истанбул

Организатори на ТЕКНОФЕСТ, чиј глобален медиумски партнер е АА, се Фондацијата „Технолошки тим на Турција“ (T3) и Општина Истанбул.

Sefa Mutlu  | 21.09.2018 - Обновена : 22.09.2018
Бројни посетители на ТЕКНОФЕСТ во Истанбул

Istanbul

ИСТАНБУЛ (AA) - Фестивалот за воздухопловство, вселенска програма и технологија ТЕКНОФЕСТ, кој вчера во Истанбул за првпат ги отвори своите врати за посетителите, и вториот ден угости голем број посетители кои се интересираат за технологијата во областите на воздухопловството и вселената, јавува Anadolu Agency (AA).

Организаторите на ТЕКНОФЕСТ, чиј глобален медиумски партнер е АА, се Фондацијата „Технолошки тим на Турција“ (T3) и Општина Истанбул. Фестивалот се одржува на третиот истанбулски аеродром.

Во рамките на фестивалот се одржуваат низа технолошки презентации и натпреварувања. Овие натпреварувања се реализираат во вкупно 12 категории, а во партнерство на турските компании „Aselsan“, „Baykar“, BMC, IGA, ISBAK, „Roketsan“, TAI, TUBITAK и „Turksat“.

Преку натпреварувањето истовремено се презентираат технолошки производи како што се беспилотните летала, беспилотни копнени возила кои имаат поддршка од беспилотни летала, беспилотни подводни системи, ракети, сателитски достигнувања, како и достигнувања од областа на роботиката.

Организаторите наведуваат дека целта на натпреварувањето е да им се даде поддршка на младите во работата на проектите во областа на технологијата. На фестивалот учествуваат 750 тимови, односно 2.000 натпреварувачи.

Во текот на фестивалот ќе бидат одржани и перформанси на акробатскиот тим на Турските воздухопловни сили „Турски ѕвезди“, потоа тимот „Соло Турк“ и бројни акробациски тимови од други земји. Посетителите ќе имаат можност да ги погледнат изложените авиони од различни типови и големини.

Организаторот на ТЕКНОФЕСТ се погрижи фестивалот да ѝ понуди нешто и на најмладата популација. За таа цел ќе бидат одржани технолошки работилници и обука за деца, во чии рамки ќе бидат прикажани 3Д-принтери. Посетителите секоја ноќ за време на фестивалот ќе имаат можност да уживаат во еден од организираните концерти.

Турската вселенска и воздухопловна индустрија (TAI) се погрижи посетителите за време на фестивалот да имаат можност виртуелно да ги погледнат хеликоптерите и авионите од турско производство, чии проекти се финализирани или се во тек. На тој начин, посетителите со виртуелен приказ ќе можат во реална големина да ги видат најзначајните производи на Турција во оваа област.

Истанбул ТЕКНОФЕСТ ќе трае до 24 септември.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın