Sinan Uslu
14 Мај 2018•Ажурирај: 14 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Вицепремиерот на Турција и владиниот портпарол Бекир Боздаг изјави дека Израел е одоговорен за денешните напади врз Палестинците во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Без сомнение, целата одговорност за денешниот масакр ја има израелската држава, но колку Израел, друга држава која има исто толкава одговорност за масакрот е и САД и нејзината администрација“, изјави портпаролот Боздаг.
Боздаг во врска со денешните напади врз Палестинците од страна на Израел „Терористичката држава Израел и САД која ја заштитува оваа терористичка држава и оние оние кои ги поддржуваат, ќе бидат приморани да го напуштат Ерусалим“.
Вицепремиерот Боздаг околу статусот на Ерусалим го рече следното „Статусот на Ерусалим (Кудс), неговата историја, духовен статус го гарантира меѓународната зедница. Одлуките на Советот за безбедност на ОН и меѓународните договори се под гаранција на правото. Денеска, за жал прекршени се сите овие гаранции и тоа од страна на САД која е потписник на тие гаранции. Овие чекори се се неприфатливи за Турција“.
Боздаг истакна дека Турција по повод денешните случувања во Газа донела одлука за одржување на седница на Организацијата на исламска соработка во петок.
Нагласи дека неговата Турција прогласила тридневна жалост поради Палестинците кои денеска беа убиени од страна на израелските војници и додаде дека во турското министерство за надворешни работи се повикани амбасадорите од Тел Авив и Вашингтон на консултации во Анкара.