Gökhan Ergöçün
08 Септември 2018•Ажурирај: 10 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Жителите на Истанбул ќе можат да користат бесплатен јавен транспорт во замена за празни шишиња и лименки, јавува Anadalu Agency (AA).
Градоначалникот на Истанбул, Мевлут Ујсал, промовираше нов проект за рециклирање, во рамките на кој луѓето ќе добијат бесплатен кредит на нивните билети (Istanbul kart) во замена за шишиња и лименки.

„Паметните контејнери“ на општина Истанбул ќе можат да ги примаат шишињата од 0,33 л, 0,50, 1 л и 1,5-литарските шишиња и лименки.
„Контејнерите ќе дополнуваат кредит на билетот од 0,02 турски лири за 0,33-литарски шишиња, 0,03 лири за 0,5, 0,6 л и 1-литарски шишиња, додека 0,09 лири за 1,5-литарски; 0,07 лири ќе се добива за лименки од 0,33 л, а 0,09 лири за 0,5-литарски лименки“, појасни истанбулскиот градоначалник.
Тој нагласи дека општината планира да ги награди луѓето кои ќе рециклираат најмногу шишиња и лименки во овие контејнери, со бесплатни или општински услуги со попуст.

Градоначалникот истакна дека контејнерите се изработени од компаниите „Istanbul IT“ и „Smart City Technologies Inc.“ (Isbak).
„Досега изработивме 10 контејнери, а за еден месец ќе произведеме уште 100 контејнери“.
Тој додаде дека паметните контејнери се поевтини од другите системи за рециклирање и отпад.

Контејнерите ќе бидат поставени на станици во подземната железница и училиштата.
„Општината, исто така, планира да произведе нови машини за рециклирање на стакло и батерии“, нагласи Ујсал.
Првата дама на Турција, Емине Ердоган, истакна: „Како еден пример за свесноста за животната средина, иницијативата со паметните контејнери на општина Истанбул е значајна за справување со цврстиот отпад“.
„Ние можеме да ги решиме нашите еколошки проблеми со заеднички напори на нашите граѓани и на општините“, додаде таа.