Oğuzhan Demiray
08 Септември 2018•Ажурирај: 09 Септември 2018
АКСАРАЈ (АА) - Најмалку 6 лица загинаа, а 43 се повредени откако автобус излета од патот и падна во провалија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, возачот на автобусот ја загубил контролата над возилото кој се обраќал на релацијата Истанбул - Газиантеп, по што автобусот излетал од патот и паднал во провалија.
Сообраќајната несреќа се случила во близина на градот Аксарај, во централна Турција. Во несреќата животот го загубија најмалку 6 лица, а повредени се 43.
На местото на несреќата се наоѓаат спасувачки екипи и возила на брзата помош, а започната е истрага во врска со несреќата.