Yıldız Nevin Gündoğmuş
09 Февруари 2024•Ажурирај: 09 Февруари 2024
АНКАРА (АА) - Шефот на Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Република Туркије, Фахретин Алтун, рече дека израелските лидери треба да знаат дека иако го уништуваат палестинското културно наследство и спомениците во Газа, нема да можат да ја убијат желбата на Палестинците за суверенитет и слобода, пренесува Анадолу.
Во својата објава на социјалните мрежи за израелските напади на Појасот Газа, Алтун тврдеше дека Израел додал нови воени злосторства со бришење на палестинското наследство од Газа и со културен геноцид.
Нагласувајќи дека архивите, библиотеките, музеите и џамиите се меѓу највредните средства на националната меморија, Алтун предупреди дека уништувањето на овие дела е варварство.
Тој додаде дека израелската администрација јасно ја изразила својата намера да ги избрка палестинските цивили од Газа.
„Геноцидните и воените практики што ги спроведуваат се насочени кон самиот палестински идентитет и култура. Оваа ситуација треба да се гледа како неприфатлива за секој со совест, особено за западните интелектуалци. Израелските лидери треба да знаат дека додека го уништуваат палестинското културно наследство и спомениците во Газа, нема да можат да ја убијат палестинската желба за суверенитет и слобода. Окупациите, масакрите и актите на геноцид нема да можат да го уништат духот на овие луѓе под окупација. Тоа е многупати докажано од 1967 година“, вели Алтун.
Алтун нагласи дека Туркије продолжува да ја повикува меѓународната заедница да преземе силни чекори за да го спречи Израел да предизвика натамошно уништување во Палестина.
„Ги повикуваме сите страни да го олеснат пристапот до хуманитарна помош и да се вратат на преговарачка маса. Суверенитетот на Палестина мора да биде признаен и воспоставен. Ова е единственото изводливо и трајно решение“, додаде Алтун.