Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
09 Август 2022•Ажурирај: 10 Август 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар истакна дека одбраната на една земја претставува широк опсег и не може да се спроведе само преку воени средства, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Постои економска безбедност, културна економија и културна безбедност“, рече министерот за одбрана Акар на 13. Конференција на амбасадори во Анкара.
Обраќајќи се на дипломатските претставници во Туркије, Акар рече дека земјата има за цел да ги заштити своите граници од терористичките организации преку своите прекугранични операции и дека нема интерес за ничии територии.
Тој потсети на договорите на Туркије потпишани со Русија, како и со САД за елиминација на терористите од северна Сирија, Акар рече: „Иако ние ги презедовме и ги исполнивме сите одговорности од наша страна, нашите соговорници не ги исполнија ветувањата“.
Коментирајќи го историскиот договор за извоз на жито постигнат со посредство на Туркије и Обединетите Нации (ОН) Акар рече дека Анкара очекува договорот да продолжи да се спроведува без прекини.
„Сегашниот договор е за извоз на жито од украинските пристаништа, а разговорите за руските пристаништа се во тек“, додаде тој.
Во врска со односите со Атина, Акар рече дека и покрај потезите на Грција против Туркије, Анкара ги задржува повиците за дијалог и за разговори.
Во однос на НАТО, турскиот министер за одбрана рече дека Туркије ги исполнува своите должности во НАТО во целост и го очекува истото од 30-члената воена алијанса.
Акар се осврна и на договорот со Вашингтон за воените авиони Ф-16, нагласувајќи дека извештаите кои доаѓаат од САД тврдат дека предусловите дадени од Конгресот може да бидат изменети во Сенатот.