Kemal Karadağ
09 Август 2022•Ажурирај: 09 Август 2022
АНКАРА (АА) - Турската национална разузнавачка служба (МИТ) неутрализира седум припадници на терористичката организација ПКК во операција што ја спроведе во Гара, во северен Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите кои ги доби новинарот на АА, МИТ спровел антитерористичка операција во северен Ирак.
Се дознава дека во операцијата се неутрализирани седум терористи меѓу кои и Азад Јанди со кодно име „Соро Амед“, таканаречениот логистичар на ПКК во регионот Гара.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Туркије, САД, Велика Британија и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и доенчиња.