Andaç Hongur
10 Септември 2020•Ажурирај: 13 Септември 2020
ИСТАНБУЛ
Агенција Анадолија (АА) подготвни престижно дело „Сто години во Турција и светот“, со цел да укаже на значајните случувања во Турција и светот во изминатите 100 години.
Агенција Анадолија, која е основана во тешки услови на 6 април 1920 година по иницијатива на Мустафа Кемал Ататурк, „со цел да се чуе гласот на Анадолија“, собираше и на јавноста ѝ пренесуваше информации за дневните случувања во изминатите 100 години и со тоа многу настани и детали ги сочува од заборав.
Агенција Анадолија, благодарение на своето искуство во известувањето стекнато во изминатите 100 години, даде свој придонес за важното дело во кое се наоѓаат содржини за случувањата во Турција и светот.

Во делото „Сто години во Турција и светот“ се наоѓаат податоци и документи за случувањата од 1920 година досега во полето на политиката, економијата, културата и уметноста, науката, технологијата, спортот и друго.
Делото кое може да се смета и за еден вид архива за изминатите 100 години, содржи хронолошки преглед на случувањата проследени со впечатливи и голем број од нив за првпат видени фотографии.
Книгата објавена во издание на Агенција Анадолија се состои од неколку поглавја: Период 1920 - 1929 - Борба, ослободување и граѓански поредок; Период 1930 - 1939 - Време на младата Република и Патот кој води во периодот на Втората светска војна; Период 1940 - 1949 - Потрага за баланс во периодот на војната; Период 1960 - 1969 - Удар врз демократијата и егзекуцијата на Мендерес; Период 1970 - 1979 - Кипар, Внатрешна политика и Студената војна; Период 1980 - 1989 - Влијание на воениот удар врз внатрешната политика и крај на Студената војна; Период 1990 - 1999 - Крај на Студената војна, Турција во новиот светски поредок; Период 2000 - 2009 - Години со Партијата за правда и развој (АК Партија); и Период 2010 - 2020 - Арапската пролет и периодот на регионалните кризи.

- „АА со идеалите за иднината и најголемиот капитал „доверливост“ продолжува да остава трага во историјата“
Предговорот на книгата го напиша претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АА, Шенол Казанџи.
Казанџи во таа пригода ја изрази среќата што АА како прва национална агенција на Турција ја одбележа 100-годишнината од постоењето и истакна: „АА, која во текот на националната и величествената борба во тешки услови на Ослободителната војна под инструкции на Мустафа Кемал Ататурк е основана на 6 април 1920 година, веќе еден век на светот му го пренесува гласот на Турција.“
Тој додаде дека Агенцијата, која има историја со која треба да се гордее, со објавување на важната задача што ја доби во текот на Ослободителната војна, придонела и во формирањето на националната свест, поради својата константно динамичка структура и денес е една од највлијателните структури и една од највлијателните новински агенции во светот.

Казанџи наведе дека со стогодишното искуство во известувањето, АА претставува лице на Турција кон надворешниот свет и дека во текот на својата едновековна авантура во извествуањето, не известува само за случувањата во Турција и светот, туку остава и трага во историјата.
Во време на искуства и промени, АА ниту во еден момент не отстапи од своите принципи кои ги усвои во текот на основањето, и благодарение на успесите остварени до денес, кои продолжуваат да се нижат и понатаму, стана светски бренд и со својот најважен капитал „доверливост“ и идеалите за иднината, продолжува да остава трага во историјата“, напиша генералниот директор Казанџи.

Тој смета дека во книгата можат да се видат сведоштва од историјата.
„Книгата нуди еден вековен преглед за случувањата во Турција и светот. Би сакал да им се заблагодарам на сите пријатели кои придонесоа во подготвувањето на овој производ во кој е вложен енормен и детален труд за кој верувам дека ќе им помогне на истражувачите во полето на историјата, како и на сите оние кои помогнаа нашата Агенција, која е речиси соединета со историјата на Републиката, да стигне до овие денови“, наведе на крајот Казанџи.