Dejan Maksimovic
04 Август 2017•Ажурирај: 05 Август 2017
САРАЕВО (АА) - Интерконтиненталните летови на „Turkish Airlines“ (Туркиш ерлајнс) од сега ќе бидат поудобни со пакетите за бебиња, специјално дизајнирани за потребите на семејствата кои летаат со бебиња, пренесува Anadolu Agency (AA).
Земајќи го предвид задоволството на патниците, „Turkish Airlines“ продолжува да носи иновации во патувањата кои им ги нуди на патниците.
„За да ги направиме интерконтиненталните патувања уште поудобни, од август 2017 година авиокомпанијата започна со набавка за семејствата кои патуваат со мали бебиња (0-2 години) со специјално дизајнирани пакети за бебиња“, изјавија од турската авиокомпанија.
Пакетите за бебиња кои се служат во специјално дизајнирани торби, содржат основа за менување на пелени, лигавче за еднократна употреба, крем против црвенило, лосион, шампон и бебешки марамчиња и влошки за доење.
Сите производи не содржат парабен, алкохол, боја, СЛС и СЛЕС (штетни хемикалии), и сите се произведени земајќи ja предвид чувствителноста на бебешката кожа.