Handan Kazancı
04 Август 2017•Ажурирај: 04 Август 2017
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Археолошките ископувања во северозападна Турција открија прибор за пишување, односно стилус стар околу 1.800 години, јавува Anadolu Agency (AA).
На археолошкиот локалитет Асос, познат како Бехрамкале, на кој се наоѓаше едно од најважните пристаништа за време на Римската империја, предходно беа откриени остатоци од антички театар и остатоци од ѕидини.
Професорот Нуретин Арслан, раководител на археолошкиот тим, за АА изјави дека пронајден е предмет од бронза кој има една остра и една помалку рамна страна.

Според него, овој инструмент се користи за пишување, пресметување и бележење, пред сѐ на восочни табли во тој период.
„Рамниот дел се користел да се поправат евентуалните грешки, како што денес се користат гумите за бришење“, рече Арслан, додавајќи дека секој писмен човек во тоа време поседувал сопствен стилус.
Според него, во тогашно време и околности, писменоста не била карактеристика само на слободните и богатите, бидејќи читале и да пишувале голем број на робови.
„Писмените робови ваквите инструменти ги користеле за белешки и пресметки за нивните шефови“, објаснува тој.
Тој потсети дека археолозите на истото место претходно откриле делови од вазни кои датираат од периодот пред околу 2.500 години.