Hayati Akçay
24 Декември 2021•Ажурирај: 26 Декември 2021
ОРДУ (АА) - Во северна Турција во осум гробници откриени се историски артефакти кои датираат уште од 4 век, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гробниците се откриени за време на работата за проширување на патиштата во подрачјето на Куртулуш во Орду, област на брегот на Црното Море во Турција, при што тимови од локалната управа и музеите започнаа ископувања на артефактите.
Официјалните претставници додадоа дека во гробниците се пронајдени многу човечки и животински останки, вклучително и скелети, заедно со парчиња накит од злато, скапоцени камења, сребро, стакло и бронза.
„Во една од гробниците беа пронајдени и парчиња од стаклено шише и монистра“, велат официјалните лица.
Наодите се однесени во Дирекцијата на музејот во Орду.