Турција, економија

Ердоган: „Депозитите во турски лири пораснаа за 23,8 милијарди, и понатаму растат“

„Граѓаните во моментов имаат две гаранции. Едната е Централната банка на Република Турција, а другата е трезорот. Значи, граѓаните нема да изгубат“

Zeynep Rakipoğlu, Berk Özkan  | 25.12.2021 - Обновена : 26.12.2021
Ердоган: „Депозитите во турски лири пораснаа за 23,8 милијарди, и понатаму растат“

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека од последните мерки преземени за заштита на домашната валута, депозитите во турски лири пораснале за повеќе од 23,8 милијарди лири и дека продолжуваат забрзано да растат, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Вредноста на американскиот долар во однос на турската лира е во пад од понеделникот и завчера достигна 10,25, што е најниска вредност од 16 ноември.

На почетокот на неделата вредноста на доларот во однос на турската лира изнесуваше рекордни 18,3674, но вредноста на лирата почна нагло да расте по изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за економската програма. Досега вредноста на доларот во однос на лирата падна за повеќе од 40 отсто.

Ердоган гостуваше во специјалната програма на четири турски телевизии „A Haber“, ATV, „A Para“ и „A News“ и зборуваше за актуелните случувања, со посебен осврт на последните движења на девизниот курс и зајакнувањето на турската лира во однос на доларот.

„Граѓаните во моментов имаат две гаранции. Едната е Централната банка на Република Турција, а другата е трезорот. Значи, граѓаните нема да изгубат“, порача Ердоган.

Одговарајќи на одредени наводи дека споменатите механизми не се во согласност со Уставот, Ердоган го отфрли тоа и рече дека таквите наводи немаат никаква основа.

„Стабилизацијата на девизниот курс ќе биде постигната во најкраток рок“, порача Ердоган.

Турскиот претседател се осврна и на турската вакцина против Ковид-19, Турковак, што деновиве доби дозвола за итна употреба, и порача дека Турција е една од деветте во светот што произвеле сопствена антиковид-вакцина.

„Турција на целото човештво ќе му ја обезбеди домашната вакцина против Ковид-19, Турковак“, рече Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.