Eda Özdener,İsa Toprak
24 Декември 2021•Ажурирај: 27 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Турција има цел да постигне силен пораст во туризмот наредната година, надминувајќи ги приходите од туризмот пред пандемијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Предвидувам дека туризмот ќе отскокне во текот на следниот мај, и закрепнувањето во облик на буквата V што го видовме оваа година ќе продолжи во 2022 година“, изјави турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој, за АА.
Истакнувајќи ја целта на земјата за закрепнувањето на туризмот, иако беше силно погоден од пандемијата на коронаврусот, Ерсој рече: „Ние успеавме да ја постигнеме нашата амбициозна и предизвикувачка цел оваа година со двојно зголемување на приходите од туризмот на 24 милијарди долари.“
Во 2020 година, во која поголемиот дел од светот остана дома поради Ковид-19, Турција генерира 12,6 милијарди долари приход од туризмот, пад од 65,1 процент на годишно ниво, според податоците од Турскиот статистички институт (TurkStat).
Последните бројки од Министерството за туризам покажаа дека земјата примила 22,8 милиони странски посетители од јануари до ноември, што е за 89,6 проценти повеќе за разлика од истиот период минатата година.