Sena Güler
30 Ноември 2018•Ажурирај: 02 Декември 2018
АНТАЛИЈА (АА) - Шефот на Oдделот за архиви на Anadolu Agency, Хусеин Унал, денес изјави дека новинската агенција ги дигитализирала сите свои материјали произведени од своето основање во 1920 година досега, јавува Anadolu Agency (AA).
„Anadolu Agency ги пренесе сите свои податоци од нејзиното основање во 1920 година досега во електронска платформа“, изјави Унал за време на состанокот за информативен менaџмент во Анталија, додавајќи дека AA сега поседува над 38 милиони дигитализирани материјали.
Конгресот и Саемот на директори на библиотеки, архиви и музеи, чиј глобален комуникациски партнер е Anadolu Agency, организиран под покровителство на Министерството за култура и туризам на Турција, продолжува и денес.
Унал додаде дека агенцијата раководи/управува со своите податоци/информации на Системот за емитување вести (ХАС), кој беше развиен со сопствени ресурси на агенцијата.
Унал изјави дека агенцијата која работи во 97 земји и објавува вести на 13 различни јазици, дневно произведува 1.650 вести, 2.300 фотографии и 400 видеоснимки.
„Имаме 3.000 работници од 124 националности во 97 земји“, додаде тој.