Ertuğrul Subaşı
23 Јануари 2017•Ажурирај: 23 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) на 153. ден од офанзивата „Штитот на Еуфрат“, која се спроведува во северна Сирија, погодија 194 упоришта на ДЕАШ, а 65 терористи се неутрализирани, јавува Anadolu Agency (AA).
Од ТСК соопштија дека сѐ уште трае офанзивата започната на 24 август 2016 година против терористичката организација ДЕАШ.
Меѓу 194-те погодени позиции има засолништа, одбранбени позиции, штабови, оружје и возила. Дел од упориштата се целосно уништени.
Турската авијација во областа Ал-Баб и Бзагах уништи 14 упоришта на ДЕАШ, од кои шест штаба, седум засолништа и возило со монтирана експлозивна направа.
Коалициските сили во областите Тадеф, Абу Џабар и Увајшијах извршија три воздушни напади против терористичката организација ДЕАШ, а два проектила беа лансирани од безпилотно летало. Уништени се два резервоара, автомобил-бомба, три возила и минофрлач.
Тимовите за контрадиверзиона заштита уништија 25 импровизирани експлозивни направи и 12 мини. Од почетокот на офанзивата до денес се уништени 3.113 експлозивни направи и 55 мини.