Sibel Uygun
25 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Во изминатите 24 часа, во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат“ во северниот дел на Сирија се неутрализирани, односно убиени или заробени 17 терористи на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на Генералштабот на турската војска се наведува дека авионите за време на 155. ден од офанзивата погодиле 180 упоришта на ДЕАШ, вклучувајќи засолништа, контролни објекти и возила на таа терористичка организација.
Турската авијација и на подрачјето на Ал Баб уништи засолниште и околу 30 импровизирани рачно изработени гранати.
Од почетокот на операцијата се уништени 3.149 рачно изработени експлозивни направи и 55 мини.
Офанзивата „Штитот на Еуфрат“ започната на 24 август 2015 година во северниот дел на Сирија има за цел да се неутрализираaт терористичките закани, особено ДЕАШ, и да се зајакне безбедноста во сириско-турскиот пограничен појас.
Офанзивата ја спроведуваат сириските опозициски сили, а во согласност со меѓународното право на самоодбрана ја поддржуваат и турските сили, како и меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ.