Ayşe Yıldız
02 Декември 2017•Ажурирај: 03 Декември 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу денес во Анталија порача дека терористичката организација ФЕТО се инфилтрирала секаде, па дури и во американското правосудство и во Конгресот, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу престојуваше во Анталија на свеченоста по повод полагање на камен темелник за Културниот центар Газипаша, а во таа прилика се осврна на актуелните случувања, меѓу останатото на борбата против терористичката организација ФЕТО.
„Свесни сме за сите игри и сплетки кои се водат против нас. Знаеме што денес ФЕТО се обидува да направи во САД, знаеме дека ФЕТО се инфилтрираше во американските институции и правосудството. Ние тоа на САД им го велиме отворено во лице, не зборуваше зад грб. За никој не зборуваме зад грб “, изјави Чавушоглу.
„ФЕТО се инфилтрираше и во американските мисии во Турција, во рамките на американското правосудство и во Конгресот, секаде, во сите организации. На овој или оној начин, легално или илегално. Тоа го велиме отворено“, рече Чавушоглу и нагласи дека целиот свет гледа за колку опасна терористичка организација се работи, поради што и се затвораат нивните училишта.
Тој се осврна и на ситуацијата на Блискиот исток, и рече дека Турција вложува големи напори за примирјето во Сирија, како и за стабилноста на Ирак.
„Она што сакам да го нагласам е дека Турција никогаш не се двоумела ниту ќе се двоуми доколку биде потребно да се уништи секоја опасност. Кој и да се обидува да го попречи патот на Турција, било да се работи за терористичка организација или некоја земја, ние ќе се бориме и тоа ќе го надминеме. Со никој не сакаме кавга. Она што го сакаме е да бидеме пријател на секој. Но, оној кој сака да биде пријател на Турција и нејзиниот народ, ќе мора да научи како да постапува и да се однесува“, порача Чавушоглу.