Faruk Zorlu
28 Април 2019•Ажурирај: 29 Април 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган треба да го посети Ирак кон крајот на оваа година, изјави денеска министерот за надворешни работи на Туција, Мевлут Чавушоглу, јавува Anadolu Agency (AA).
„Претседателот Ердоган кон крајот на оваа година ќе го посети Ирак по повод 4. состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво“, истакна Чавушоглу на заедничката прес-конференција со својот ирачки колега Мухамед Али ал Хаким во ирачкиот главен град Багдад.
Нагласувајќи ја важноста од развојот на билатералните односи, Чавушоглу рече дека со својот ирачки колега разговарале за билатералните односи во сите свои димензии и размениле мислења за регионалните прашања.
„Ставовите на двете земји за регионалните прашања се совпаѓаат“, додаде тој.