Abdulselam Durdak
04 Октомври 2022•Ажурирај: 05 Октомври 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Шефот на Одделот за финансии при турското Претседателство, проф. д-р Ѓоксел Ашан, рече дека Туркије сака да биде земја лидер што се однесува до исламските финансии и дека веќе работи во оваа насока, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со учество на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, вчера во Истанбул беше презентиран „Документот за стратегија на финансии на учество“, подготвен од страна на Одделот за финансии при турското Претседателство.
Ашан во своето обраќање на овој настан нагласи дека нивната работа за стратегијата започна со инструкции на претседателот Ердоган, со идејата дека „поправеден, сеопфатен и одржлив финансиски систем е можен за целото човештво“.
„Финансиите на учество, кои континуирано се развиваа во периодот 1984-2021 година во нашата земја и заземаа значајно место во финансискиот систем, влегоа на прагот да постигнат голем напредок во наредниот период. Документот на стратегијата за финансии за учество има за цел да обезбеди систем на финансии за учество, да ја достигне позицијата што ја заслужува во периодот од 2022 до 2025 година, што го опишуваме како период на целосна трансформација, и вклучува конкретни чекори за реализација на стратешка трансформација“, додаде тој.
Ашан рече дека за разлика од повеќето земји кои тврдат дека се центар на исламските финансии во светот, Туркије поседува многу важни предности врз основа на нејзината историска, европска, културолошка, геополитичка и економска позадина.
Според него, треба да се искористат можностите што ги нуди географската положба и историјата што се однесува до системот на финансии на учество.
„Со оваа мотивација сакаме да ја позиционираме Туркије како водечка земја во исламските финансии и работиме во оваа насока. Документот за стратегија на финансии на учество што го промовираме денеска е директна манифестација на оваа идеја“, истакна Ашан, шефот на Одделот за финансии при турското Претседателство.