Firdevs Bulut
21 Мај 2020•Ажурирај: 26 Мај 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - „Туркиш ерлајнс“ објави дека суспензијата на домашни и меѓународни летови ќе биде продолжена поради пандемијата на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Домашните летови ќе бидат суспендирани до 4 јуни, а меѓународните летови до 10 јуни.
Рачниот багаж нема да биде дозволен во кабините, туку ќе се чекира заедно со останатиот багаж.
Вообичаената носивост од 8 килограми на рачниот багаж за меѓународни и домашни летови ќе биде додадена на останатата дозволена тежина на багажот на патниците. Во кабините ќе биде доволено внесување рачни чанти.
Турскиот авиопревозник на крајот на април објави дека ги запира сите летови до 28 мај.