Турција

Турција: Под претседателство на Ердоган одржан безбедносен состанок

Од Одделот за комуникации при турското Претседателство соопштено е дека на состанокот детално се разговарало за регионалните случувања тесно поврзани со безбедноста на Турција, особено за случувањата во Сирија, Ирак и Либија

Sefa Mutlu  | 20.05.2020 - Обновена : 21.05.2020
Турција: Под претседателство на Ердоган одржан безбедносен состанок

ИСТАНБУЛ (АА) – Под претседателство на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, одржан е безбедносен состанок, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението од Одделот за комуникации при турското Претседателство, состанокот е одржан во претседателската палата Хубер и траел 3 часа.

На состанокот присуствувале турскиот потпретседател, Фуат Октај, министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана, Хулуси Акар, министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, началникот на Генералштабот на турската Армија, Јашар Ѓулер, шефот на Турската разузнавачка служба МИТ, Хакан Фидан, Шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, командантот на Копнените сили, генерал Умит Дундар, командантот на Воздухопловните сили, Хасан Кучукакјуз, командантот на Морнарицата, адмирал Аднан Озбал и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.

На состанокот, според соопштението, детално се разговарало за регионалните случувања тесно поврзани со безбедноста на Турција, особено за случувањата во Сирија, Ирак и Либија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.