Tuba Onğun
11 Март 2022•Ажурирај: 12 Март 2022
АНКАРА (АА) - Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ откажа 180 лета закажани за сабота поради обилните снежни врнежи во Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Откажани се дури 162 лета до и од аеродромот во Истанбул, од кои 60 биле на меѓународни линии“, се наведува во соопштението на националната авиокомпанија.
Откажани се уште 18 лета од Аеродромот „Сабиха Ѓокчен“, главниот воздушен центар на Истанбул на азиската страна на градот.
Снежни врнежи го зафатија Истанбул, најнаселениот град во Република Турција, што го отежна сообраќајот.
Во неколку града во Турција, поради обилните врнежи е откажана наставата до понеделник.