Турција

„Стратегијата на припадниците на ФЕТО е тактика на налогодавачите“

Министерот за правда на Република Турција, Абдулхамит Ѓул, за стратегијата на негирање на припадниците на терористичката организација ФЕТО изјави дека јасно станува збор за дел од одбранбена тактика и дека свесно ја применуваат.

Kemal Karadağ  | 20.02.2019 - Обновена : 21.02.2019
„Стратегијата на припадниците на ФЕТО е тактика на налогодавачите“

Ankara

АНКАРА (АА) - Кемал Карадаг 

Министерот за правда на Република Турција, Абдулхамит Ѓул, за стратегијата на негирање на припадниците на терористичката организација ФЕТО изјави дека јасно станува збор за дел од одбранбена тактика и дека свесно ја применуваат.

Ѓул за АА зборуваше за борбата против терористичката организација ФЕТО и за судењето на припадниците на таа организација, кои се во тек.

Тој истакна дека е продолжена одлучната борба против таа организација, која се обиде да изврши пуч, се закани на единството и заедништвото на Турција и го загрози правото на живот на жителите на таа земја. Тој укажа и на борбата на турското правосудство која е во тек.

Терористичката организација ФЕТО претставува терористичка мрежа која со години се инфилтрираше во сите институции на турската држава, а министерот Ѓул изјави дека затворањето на кругот на утврдените осомничени би било грешка која би ја блокирало успешната борба против таа организација. Тој смета дека истрагата мора да се води во повеќе правци, сè додека не се откријат и не се прекинат сите елементи на ФЕТО.

„Значајните операции, истраги и гонења насочени кон врвот на пирамидата, кон челниците на ФЕТО и другите водечки имиња на организцијата и понатаму траат. Со сигурност ќе има и продолжение. Не смееме да дозволиме да нѐ обземе чувство на мрзеливост и мисли дека целата борба ќе биде завршена“, изјави Ѓул.

Тој порача дека се вложуваат и големи напори да се дознае кој е виновен, а кој е невин, и дека одлучната борба ќе биде продолжена.

Тој потсети дека многу припадници на ФЕТО, и покрај собраните докази против нив, користат стратегија на негирање.

„Јасно е дека станува збор за дел од одбранбена тактика на организацијата што ја наредил нејзиниот налогодавач. Ова го прават по наредба според логиката на оранизацијата. Судењето го водат турските паравосудни органи, нашите судии. Судењата се водат според доказите во предметите. Нека негираат колку сакаат, но ние имаме правен систем кој оди според доказите до осомничените“, изјави Ѓул.

Тој додаде дека судењата се водат во правни рамки, во согласност со Уставот и според доказите, против луѓето кои се обиделе да ја нарушат економијата, правниот поредок во земјата и усмртиле 251 лице.

„Оние кои го заслужуваат тоа добиваат казни што ги заслужуваат. Очекуваме да одговараат предавниците кои усмртија 251 наш граѓанин, полицаец, војник“, изјави Ѓул, кој смета дека треба да се задоволи правдата и дека верува во правосудниот систем.

Ѓул порача дека во име на народот ќе ја следи оваа борба.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın