Турција

„САД и Русија сеуште не ги исполнија договорите со Турција во врска со северниот дел на Сирија"

„Дали тие го исполнија тоа што беше потребно во рамки на договорите? Не, сеуште не го исполнија, но треба да ги исполнат“, рече Чавушоглу, во обраќањето на седницата на Комисијата за планирање и буџет во турскиот Парламент

Emin Avundukluoğlu  | 18.11.2019 - Обновена : 19.11.2019
„САД и Русија сеуште не ги исполнија договорите со Турција во врска со северниот дел на Сирија"

АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) и Русија сеуште не ги исполнија договорите постигнати со Турција во врска со северниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Дали тие го исполнија тоа што беше потребно во рамки на договорите? Не, сеуште не го исполнија, но треба да ги исполнат“, рече Чавушоглу, во обраќањето на седницата на Комисијата за планирање и буџет во турскиот Парламент.

Шефот на турската дипломатија се осврна на неодамнешните антитерористички операции на Турција во северниот дел на Сирија.

Според него, доколку нема да биде постигнат резултат, ќе го направат тоа што е потребно во северниот дел на Сирија.

Тој истакна дека нема друго решение освен да се исчисти регионот од сите терористички групи.

„Ние дефинитивно треба да ја елиминираме терористичката закана до нас (северниот дел на Сирија)“, додаде турскиот министер за надворешни работи.

Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите на ЈПГ/ПКК од северниот дел на Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.

Анкара сака терористите на ЈПГ/ПКК да се повлечат од регионот за да се формира безбедносна зона со цел безбедно враќање на околу 2 милиони бегалци.

На 22 октомври Анкара и Москва постигнаа договор според кој терористите на ЈПГ/ПКК ќе се повлечат 30 километри јужно од турската граница со Сирија, а безбедносните сили на Турција и Русија ќе вршат заеднички патроли во тоа подрачје.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın