Göksel Yıldırım
11 Април 2017•Ажурирај: 11 Април 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за економија на Република Турција, Нихат Зејбекџи, изјави дека претстојниот референдум за уставната реформа со сигурност ќе има влијание на економскиот пазар на земјата и дека веќе од оваа недела ќе бидат видливи позитивните трендови, јавува Anadolu Agency (AA)
Како гостин на уредничкиот деск на новинската агенција АА во Анкара, министерот Зејбекџи изјави дека предреферендумската кампања во Турција тече добро и без проблеми.
„Во изминатите две години народот се смири, ги разреши сомнежите и донесе одлука за тоа како ќе се гласа. Мислам дека успешно е завршена кампањата за референдумот што ќе се одржи на 16 април, иако останаа уште неколку дена“, изјави Зејбекчи.
На прашањето дали се очекува референдумот да има поголемо влијание на економскиот пазар во Турција, ресорниот министер Зејбекџи изјави дека тоа е сосема извесно и оти позитивните трендови ќе бидат видливи токму од оваа недела, а тие ќе продолжат и по референдумот.
Тој додаде дека позитивни трендови се очекуваат особено во јакнењето на турската валута во однос на странските девизи, зголемување на странските инвестиции и генерално зголемување на побарувачката на пазарот.
Зејбекчи ги коментираше и руските санкции кон увозот на турските земјоделски производи и најави дека во врска со тоа прашање, наредната недела ќе се одржи состанок со руските колеги.
„Санкциите не ѝ носат добро на ниту една земја, туку обострана штета. Едната помалку, а другата повеќе губи, но двете се во загуба. Обостраната корист е можна само без ограничување во соработката“, порача Зејбекчи.