Ердоган: Турција смета дека најреално решение за кипарското прашање е коегзистенција на две држави на островот
- „Главна причина зошто кипарското прашање останува нерешено е одбивањето на страната на кипарските Грци да го признае рамноправниот меѓународен статус на кипарските Турци“
Istanbul
ИСТАНБУЛ (АА) — Турција смета дека најреалното решение за кипарското прашање лежи во коегзистенцијата на двете држави на островот, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.
„Главна причина зошто кипарското прашање останува нерешено е одбивањето на страната на кипарските Грци да го признае рамноправниот меѓународен статус на кипарските Турци“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Туфан Ерхурман, кој престојува во прва посета на Турција откако е избран.
„Ние остануваме на нашиот став дека е можно решение во кое два народа на островот може да живеат еден до друг во мир, просперитет и безбедност“, додаде турскиот претседател.
Критикувајќи ја страната на кипарските Грци на островот, Ердоган рече дека кипарските Грци го гледаат решението за кипарското прашање како сведување на кипарските Турци на малцинство во рамките на партнерска држава, „кое денес нема никаква преостаната важност“.
Ердоган нагласи дека ги смета за „правилни“ изјавите на претседателот на Турската Република Северен Кипар, Ерхурман, во кои тој нагласува дека нема да има компромис за суверената рамноправност на кипарските Турци.
Од своја страна Туфан Ерхурман рече: „Турција е еден од најважните актери денес, како што беше и вчера, во сите напори за решавање на кипарското прашање.“
Ставот на кипарските Турци за статусот на двата рамноправни основачки партнери на островот не е отворен за дискусија, преговори или пазарење, додаде тој.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
