Diyar Güldoğan
31 Јули 2023•Ажурирај: 01 Август 2023
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес на разговори во главниот град Анкара го прими азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов, јавува Анадолу.
Не се споделени дополнителни информации за средбата којашто се одржа зад затворени врати во Претседателскиот комплекс.
Претходно Бајрамов се сретна со својот турски колега, Хакан Фидан. На состанокот се разговараше за билатералните односи, како и за регионални и меѓународни прашања.
Туркије е првата држава што го призна Азербејџан, кој ја прогласи својата независност во 1991 година. Односите на Туркије со Азербејџан се повеќеаспектни и на стратешко ниво.