Mehmet Tosun
27 Април 2017•Ажурирај: 28 Април 2017
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим изјави дека терористичката организација ФЕТО е глобална терористичка закана бидејќи станува збор за организација која дејствува во повеќе од 160 држави на светот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во многу африкански земји едно по едно се затвораат училиштата и установи поврзани со таа подла терористичка организација. Не е тајна дека таа организација денес соработува со меѓународните империјалистички организации. Затоа, ако задоцните во спроведување на потребните мерки за пречување на активностите на таа организација во вашите земји, ќе се соочите со истите закани како и Турција”, порача Јилдирим.