Nurettin Coşkun,Hanife Sevinç
27 Април 2017•Ажурирај: 27 Април 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - На отворено море, во близина на истанбулскиот теснец се судрија руски воен брод и транспортен брод кој пренесувал животни, поради што на местото на несреќата се испратени спасувачки екипи, јавува Anadolu Agency (AA).
На оддалеченост од 18 наутички милји (околу 33,336 километри) на влезот во истанбулскиот залив од страната на Црното Море, од сѐ уште непознати причини се судрија еден руски воен брод и еден транспортен брод кој превезувал животни.
На повикот за помош од страна на екипажот, крајбрежната безбедност испрати брзи спасувачки бродови и реморкери на местото на несреќата.
Се дознава дека е спасен поголемиот дел од екипажот и дека продолжува работата на спасувачките екипи.