Servet Günerigök
06 Ноември 2020•Ажурирај: 07 Ноември 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) изрекоа казна во износ од 4,5 милиони долари на училиштето поврзано со терористичката организација ФЕТО поради учеството во неконкурентните понуди, објави Министерството за правда, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството во вторникот соопшти дека Концепт скулс (Concept Schools), со седиште во државата Илиноис, го прекршило Законот за лажни тврдења учествувајќи во неконкурентните понуди во врска со програмата „Е-тарифа на Федералната комисија за комуникации“ (FCC).
„Концепт скулс намести конкурс за договори за е-тарифи меѓу 2009 и 2012 година во корист на одбраните технолошки доставувачи, така што нејзината мрежа на училишта сместени во неколку држави, вклучувајќи ги Илиноис, Охајо и Индијана, ги одбрала доставувачите без смислена, чесна и отворена постапка на натпреварување“, се наведува во соопштението.
Одбраните доставувачи на училиштата поврзани со ФЕТО исто така обезбедија опрема по повисоки цени од онаа која Федералната комисија за комуникации ја одобри за опрема.
Мрежата на училиштa на ФЕТО во САД е примарен извор на финансирање за деловните луѓе поврзани со организацијата, која во Турција е прогласена за терористичка.
Вршителот на должност помошник на државниот правобранител, Џефри Босерт Кларк, од цивилниот оддел на Министерството за правда, вети сериозни последици за училиштата кои сакаат да профитираат на сметка на американските даночни обврзници.
„Денешната одлука ја демонстрира нашата постојана претпазливост да се осигураме дека оние кои работат со Владата не учествуваат во антиконкурентното однесување“, рече Кларк.
Дејвид Хант, генералниот инспектор на Федералната комисија, изјави дека кон оние кои ќе наштетат на процесот на договарање, како што се заверите заради местење на конкурентските понуди, нема да има толеранција и ќе бидат агресивно истражени.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.