Sinan Uslu,Sarp Özer
04 Март 2020•Ажурирај: 05 Март 2020
ГОЛЕМО НАРОДНО СОБРАНИЕ НА ТУРЦИЈА (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, во однос на утрешната средба помеѓу претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и претседателот на Русија, Владимир Путин, истакна: „Нашите мислења, предлози и барања од страна на нашиот претседател ќе бидат пренесени на највисоко ниво до господинот Путин. На тој начин ќе се обидеме да се најде решение. Нашата цел е решение, мирни методи, политичко решение“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акар одговараше на прашањата на новинарите во Собранието, каде што дојде да присуствува на состанокот на групата на АК партијата (AK Parti).
Одговарајќи на прашањето „Кои се неговите очекувања и какви резултати очекува од утрешната средба помеѓу Ердоган и Путин“, Акар рече:
„Постојат договори што ги постигнавме на почетокот. Наидуваме на некои проблеми при нивното спроведување. Нашите мислења, предлози и барања од страна на нашиот почитуван претседател ќе бидат пренесени на највисоко ниво до господинот Путин. На тој начин ќе се обидеме да се најде решение. Нашата цел е решение, мирни методи, политичко решение. Од самиот почеток, секогаш ги пренесувавме нашите мислења и барања. Овие прашања ќе бидат искажани уште еднаш од нашиот претседател.“
Министерот Акар, истакна дека работат за удобноста, мирот, безбедноста и за запирање на крвопролевањето во регионот.
„Почитуваниот претседател работи и дење и ноќе за да се обезбеди мир таму и да се реализираат прашањата за кои се договоривме. Нашата искрена желба, надеж, барања е ситуацијата да се реши преку преговори и политичко решение“, изјави Акар.