Zafer Fatih Beyaz
04 Март 2020•Ажурирај: 04 Март 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара го прими претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Кабинетот на турскиот претседател е соопштено дека состанокот е одржан во Претседателската палата, а траеше околу два часа.
На состанокот присуствуваа и турскиот шеф на дипломатијата, Мевлут Чавушоглу и високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија (ЕУ), Џозеп Борел.