Barış Gündoğan,Muhammed Boztepe
04 Март 2020•Ажурирај: 09 Март 2020
АНКАРА (АА) – По операцијата „Пролетен штит“, која Турските вооружени сили (ТСК) ја започнаа по нападот извршен на 27 февруари во Идлиб, со цел стабилизирање на регионот и спречување на хуманитарната драма, турскиот народ ги обедини своите срца, јавува Агенција Анадолија (АА).
Додека операцијата силно продолжува, турскиот народ со сето срце ја поддржува.
Покрај пораките за поддршка од сите области на животот, се организираа и различни активности за турските војници.
Пред неколку дена низ земјата се одржаа молитви по утринската молитва, со цел операцијата „Пролетен штит“ да заврши со успех.
Бројни личности од уметничкиот и спортскиот свет објавија пораки за поддршка на операцијата преку социјалните мрежи, додека спортистите го употребија воениот поздрав за поддршка на војниците учесници во операцијата.
- Доброволни пријавување за во војска
Веднаш по започнувањето на операцијата „Пролетен штит“, голем број турски граѓани се пријавија доброволно за во војска преку Комуникацискиот центар при турското Претседателство (CIMER).
За поддршка на операцијата, речиси во сите градови во земјата се одржаа маршови со знамиња на Турција.
Студентите од универзитетските домови во повеќе градови, со светлата на нивните соби ги напишаа пораките како „ТСК“, „Пролет“, „Пролетен штит“.
Меѓу другото, студентите од Полициската академија, на војниците кои загинаа во Идлиб се сеќаваа со видеоснимка подготвена специјално за нив.
Операцијата „Пролетен штит“, како во Турција така и надвор од земјата, доби голема поддршка.