Abdulkadir Karakaya
03 Март 2021•Ажурирај: 04 Март 2021
ИСТАНБУЛ
Екипата на Денвер Нагетс во натпреварот од американската Национална кошаркарска лига (НБА) го совлада Милвоки Бакс со резултат 128:97, а на овој натпревар блесна Никола Јокиќ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа во НБА се одиграа 6 натпревари. Никола Јокиќ на натпреварот против Бакс постигна трипл-дабл од 37 поени, 11 асистенции и 10 скока, доаѓајќи до својата трета последователна победа, на која Нагетс го совлада Бакс со резултат 128:97.
Јокиќ на овој натпревар го постигна својот 50. трипл-дабл во НБА, станувајќи 9-тиот кошаркар кому тоа му пошло од рака. Јокиќ се запиша во историјата на НБА како трет кошаркар кој во најкраток рок успеал да постигне 50 трипл-дабл во НБА.
Во редовите на Нагетс, покрај Јокиќ, свој придонес во победата дадоа Џамал Мареј со 24 поени и 6 асистенции, Пи-џеј Дозие со 19 поени и Вил Бартон со 14 поени, 8 скока и 5 асистенции.
Во редовите на Милвоки Бакс, олстар-ѕвездата Јанис Антетокумпо постигна 27 поени, 8 скока и 3 асистенции, а Крис Мидлтон го заврши натпреварот со скор од 20 поени, 6 асистенции и 4 скока, но тоа не беше доволно домаќинот да го избегне високиот пораз од Нагетс.
- Санс како гости ги совладаа Лејкерси
Феникс Санс како гости успеаја да го совладаат актуелниот НБА-шампион, екипата на Лос Анџелес Лејкерс, со резултат 104:114, доаѓајќи до својата 3-та последователна победа.
Во екипата на Санс, која се наоѓа на 2. место во Западната конференција, одлична игра прикажаа играчите кои на натпреварот влегоа од клупата. Тоа се Дарио Сариќ со постигнати 21 поен, 5 скока и 3 асистенции и Микел Бриџиз со 19 поени, 6 скока и 5 асистенции.
Во редовите на Лејкерс, Леброн Џејмс постигна 38 поени и беше најпрецизниот играч на натпреварот. Денис Шредер постигна 17 поени, 6 асистенции и 3 скока, а Тајлен Хортон Такер постигна 16 поени и 3 скока.
- Резултати:
Вашингтон Визардс - Мемфис Гризлис 111:125
Мајами Хит - Атланта Хоукс 80:94
Бостон Селтикс - Лос Анџелес Клиперс 117:112
Сан Антонио Спарс - Њујорк Никс 119:93
Милвоки Бакс - Денвер Нагетс 97:128
Лос Анџелес Лејкерс - Феникс Санс 104:114.