Volkan Kaşik
13 Декември 2019•Ажурирај: 14 Декември 2019
МАЛАТЈА (АА) - ВОЛКАН КАШИК –
Напаѓачот на Јени Малатјаспор, Адис Јаховиќ, кој е од Северна Македонија, рече дека многу добро се подготвени за натпреварот со Бешикташ, кој ќе се одигра на гостински терен и дека имаат за цел да го изненадат противникот.
Јаховиќ, во разговор за Агенција Анадолија (АА) се осврна на натпреварот од 15 коло на турската Супер лига, која ќе ја играат со Бешикташ и за трката за најдобар стрелец на лигата.
Истакнувајќи дека успешен период во лигата Јаховиќ рече дека сакаат да продолжат со добрите резултати.
Јаховиќ рече дека како екипа одлично ја започнале сезоната, но во последните недели имаа одиграно на низа натпревари кои завршиле со нерешен резултат.
- „Добро се подготвивме, се надевам дека ќе победиме"
Адис Јаховиќ, истакнувајќи дека во недела ќе имаат тежок натпревар со екипата на Бешикташ, нагласи: „Натпреварите со Бешикташ се многу тешки. Нашиот тренер Серген работи многу напорно. Се надевам дека нема да изгубиме на овој натпревар. Со поразот на натпреварот со Демир Груп Сиваспор моралот малку ни опадна, но повторно сме во добра состојба. Добро се подготвивме за натпреварот со Бешикташ, се надевам дека ќе победиме.“
Истакнувајќи дека подготовките за натпреварот со Бешикташ продолжуваат со полна брзина, Јаховиќ рече: „Не чека тежок натпревар во Истанбул. До минатонеделниот натпревар со Сиваспор, седум недели немавме доживеано пораз. Затоа сакаме да направиме изненадување со Бешикташ.“
- „Играта која сака да ја постави тренерот Серген ми одговара“
Адис Јаховиќ, подвлекувајќи дека со тренерот Серген Јалчин работење заедно во Коњаспор рече дека тоа му олеснил да се прилагоди во новата екипа.
Со Серген Јалчин, започнавме успешна сезона рече Јаховиќ и додаде: „Кога играв за Коњаспор, во позицијата центарфор играше Самуел Ето. Тоа време бев резервен играч и постигнав 5 гола. Тогаш сфатив дека структурата на играта која сака да ја постави тренерот Серген ми одговара. Кога тренерот Серген побара да се преселам во Малатја, веднаш ја прифатив понудата и бев многу среќен.“
- „До крајот на сезоната ќе има бескрупулозна трка за голгетер на лигата “
Адис Јаховиќ, поранешниот македонски репрезентативец, е најдобар стрелец на својот тим со 9 голови, а во турската Супер Лига врвот го делат заедно со Александар Шорлот (Трабзонспор), Папис Цисе (Ајтемиз Аланјаспор) и Ведат Муриќ (Фенербахче).
Тој рече дека вложува многу напори за да биде успешен.
„Сон на секој фудбалер е да биде голгетер на лигата, но за мене поважно е успехот на мојата екипа. Моментално не сум прв на листата за најдобар стрелец на лигата. Првото место со мене го делат уште 3 фудбалери. Затоа тоа до крајот на сезоната ќе има бескрупулозна трка“, нагласи Јаховиќ.